Нејмар се раздели со моќниот спонзор од кој земаше пари цели 15 години

Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, од утре 31 август, веќе нема да биде под договор со компанијата за спортска опрема „Најк“, и се најавува дека ќе потпише договор со конкурентската фирма „Пума“. Ова е изненадување, ако се знае дека Нејмар земаше пари од „Најк“ цели 15 години, уште од времето кога имаше само 13 години и играше во кадетските категории на Сантош.

Оваа вест нема со задоволство да ја примат во неговиот клуб ПСЖ, бидејќи и тие имаат договор со американски „Најк“, и носат нивни дресови.

Нејмар потпиша со „Најк“ во 2011 година, договорот беше вреден 105 милиони долари. Се зборува дека преговорите за нов договор заглавиле околу висината на парите, па затоа дојде до разделба. Нејмар ќе продолжи да носи „Најк“, но само кога ќе биде на фудбалски терен, кога ќе игра за ПСЖ и бразилската репрезентација. „Најк“ полека ја губи битката со конкурентите барем во Европа, нивни дресови носат само Барселона, ПСЖ, Интер, Челзи, Тотенхем и Галатасарај.

Германскиот производител на спортска опрема „Пума“, во последните две години е во налет, нивни дресови носат Манчестер сити, ПСВ Ајндховен, Милан, Валенсија и Борусија Дортмунд, а во шпанската Ла Лига, топките со кои што се игра се нивни. Кога би го привлекле Нејмар, тоа ќе биде нов плус за нив.

- Оглас -

Најнови вести