Нејмар со критики за ПСЖ, дали е тоа знак дека нема да игра на реваншот против Борусија?

Нејмар го даде единствениот погодок за ПСЖ во поразот на гостувањето кај Борусија Дортмунд во првиот меч од осминафиналето на ЛШ. Тој погодок може да биде злато вреден затоа што сега Светците во реваншот на свој терен доволно е да победат и минимално со 1:0 за да ја анулираат негативата од првиот меч (2:1).

Поради повреда на ребрата, Бразилецот не играше на претходните четири меча, а синоќа покажа дека е подготвен. Нејмар тврди дека тој и претходно бил подготвен да игра, но едноставно не добивал дозвола од клубот.

„Не беше мој избор тоа што не играв на претходните дуели. Сакав да играм, се чувствував добро, но од клубот се плашеа и јас патев поради тоа. Што се однесува до мечот, имавме посед на топката, но не игравме доволно интензивно во нападот. Примивме два гола од играч кој не игра многу често, но има нос за гол“, рече Нејмар.

Што се однесува до реваншот против ПСЖ, дуелот ќе се игра на 11 март во Париз, а веќе се шпекулира дека Нејмар нема да игра. Зошто Нејмар да не игра, кога синоќа покажа дека е целосно подготвен и даде гол? На 11 март роденден ќе слави сестра му на Нејмар, Рафаела, а традицијата вели дека Бразилецот не ги пропушта нејзините прослави.

Од 2015 година, па до сега секоја година Нејмар не е на теренот во периодот околу роденденот на Рафаела. Во 2015 година беше суспендиран, следната година повторно поради црвен картон не можеше да игра, а потоа следуваат три сезони кога се повредува и токму во првата половина на март не може да игра.

Засега Нејмар е подготвен, но многумина очекуваат во следните две-три недели да се случи пресврт и Нејмар да не може да настапи на реваншот против Борусија Дортмунд, кој се игра токму на денот на кој неговата сестра ќе наполни 24 години.

- Оглас -

Најнови вести