Лучано Спалети вечерва во Скопје го има дебито како селектор на Италија, а донесе две интересни одлуки пред гостувањето во Скопје.
Капитенската лента му ја врати на Чиро Имобиле, фудбалерот со најмногу настапи за националниот тим. Интересно е дека Имобиле не бил капитен на Аѕурите уште од претходниот дуел со Македонија во Палермо во март минатата година, кога ги шокиравме со 1-0 во полуфиналето од баражот за пласман на СП.
На последните мечеви со Роберто Манчини како селектор, капитен беше голманот Џиџи Донарума.
Освен тоа, Џанлука Манчини и Алесандро Бастони се во срцето на одбраната, за првпат после мечот со Македонија во Палермо.