Нека му ја мислат играчите во Шкотска – Отсега ќе им суди лидер на политичка партија

Пратеникот во шкотскиот парламент и фудбалски судија, Даглас Рос е избран за лидер на Конзервативната партија, што е големо признание за 37-годишниот арбитар.

Тој е веќе член на шкотскиот Парламент, а сега ќе биде во нова, многу позначајна улога како претседател на Конзетрвативците, кои се втора партија според бројот на пратеници во Шкотска.

Рос откако беше избран за член на Парламентот ги редуцираше фудбалските натпревари, но продолжи да биде судија на терените во Шкотска.

Веднаш по денешниот избор за нов лидер на Конзервативната партија не го откажа ангажманот и ќе биде помошник судија во недела на мечот од најсилната шкотска лига.

Ќе биде дел од квартетот судии на „Иброкс парк“ на дуелот од второто коло во Премиерлигата меѓу Глазгов Ренџерс и Сент Мирен.

- Оглас -

Најнови вести