21.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Некогаш беше најскапиот дефанзивец во светот, а сега е пред трансфер во полски прволигаш

Францускиот интернационалец, Бенџамин Менди, своевремено важеше за најскапиот дефанзивец во светот откако во 2017 година направи трансфер од Монако во Манчестер сити за сума од 57,5 милиони евра.

Сепак, неговата кариера беше уништена од обвинувањата за силување, кои на крајот со правосилна пресуда се покажаа дека биле лажни. Тој веднаш беше суспендиран од Манчестер сити, а на фудбалот му се врати дури откако беше ослободен од сите обвиненија.

Имаше кратки авантури во Лориен и Цирих, а откако остана без клуб речиси пред два месеца, сега е пред потпис со полскиот прволигаш Погон Счечин. Менди треба да потпише двегодишен договор и за тој период да заработи нешто над еден милион евра, што е далеку од сумата која ја заработуваше во Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести