Некогашна ѕвезда на Реал и Манчестер јунајтед се „маскираше“ во навивач на Ленс (Фото)

На синоќешниот меч од купот на Франција помеѓу Ленс и Пари Сен Жермен, на трибините беше присутен и довчерашниот француски фудбалер Рафаел Варан.

Варан е дете на Ленс, таму ја почна кариерата, пред да прејде во Реал Мадрид каде се прослави, а потоа замина во Манчестер јунајтед пред да се пензионира летово како играч на Комо.

Иако беше замотан со шал преку носот и устата, а носеше и капа, па му се гледаа само очите, фановите кои седеа околиу него го препознаа Варан и се фотографираа со него за спомен.

- Оглас -

Најнови вести