Некогашната фудбалска ѕвезда го живее сонот, да игра на Мундијал со својата репрезентација

Пјер Емерик Обамајанг покажува дека уште е лидер на теренот. Напаѓачот кој има 35 години, го живее сонот, а тоа е да успее со репрезентацијата на Габон да заигра на Светско првенство.

Габон кој никогаш претходно во својата историја не бил дел од планетарниот собир, денеска славеше со 2:1 на гости кај Кенија, а двата гола за победничкиот тим ги постигна токму Обамејанг.

Некогашниот играч на Борусија Дортмунд, Арсенал, Барселона, Челзи, Марсеј, Сент Етјен и Монако, уште во 16-тата минута погоди за водство на Габон, а потоа истиот играч со погодок од пенал во 52 минута зголеми за 2:0 за гостите.

Кенија намали на 1:2 во 62 минута, но потоа Габон одолеа на нападите на домашниот тим и стигна до победа. По шест одиграни кола, Габон има пет победи и само еден пораз и со 15 бодови моментално е на лидерската позиција на табелата.

Најголем ривал на Габон ќе биде селекцијата на Брегот на Слоновата Коска која има 13 бодови од пет меча. БСК утре на свој терен ќе игра против Гамбија и со евентуална победа, ќе се искачи на првото место во групата.

- Оглас -

Најнови вести