Некогашната НБА ѕвезда сега проси по улици за парче леб

Помина речиси една година откако НБА-заедницата реши да му помогне на некогашниот кошаркар Делонте Вест, но, за жал, нема никаков напредок во овој случај. Вест, кој има 37 години, повторно е забележан како проси за парче леб низ улиците на Далас.

Вест речиси една деценија помина во НБА, играше за Бостон, Сиетл, Кливленд и Далас, а потоа кариерата ја продолжи во Кина, а во 2015 година реши да стави крај на активното играње. Иако имаше солидна НБА-кариера и доволно заработено пари, Вест успеал да се претвори во просјак.

На почетокот на годината се појави вознемирувачко видео на кое Вест е полугол и со лисици на рацете уапсен од полицијата. Во 2008 година „Вашингтон пост“ објави дека има дијагноза на биполарна личност и сериозно психичко растројство, а оттогаш почнаа и проблемите за Вест, кој уште моли за парче леб иако од НБА на почетокот на годината најавија дека ќе се обидат да му помогнат.

https://twitter.com/i/status/1220702455626969088

 

- Оглас -

Најнови вести