Некогашниот топ-голгетер во МЛС лигата може да го загуби видот на окото по бизарен инцидент (Видео)

Хаиме Морено е во опасност да го загуби видот на левото око по бизарниот инцидент, кога сам се повредил играјќи голф во Вашингтон.

Топчето во чудна траекторија се одбило од бетонската патека и го погодило Морено во окото. Се очекува тој да биде опериран, но прогнозите не се добри и можно е да го загуби видот на левото око.

“Се се случи набрзина и изгледа глупаво, но беше многу опасно. Можев да го загубам окото“, изјави Морено.

Веднаш е организирана и помош за една од легендите на МЛС лигата за да се соберат потребните 20 илјади долари за неопходната операција.

Морено е четвртиот најдобар стрелец во историјата на МЛС лигата со 133 голови, а во моментот кога се пензионираше во 2010 година како играч на Д.Ц Јунајтед беше прв стрелец во историјата на американскиот професионален фудбал.

Боливиецот е единствниот играч во МЛС што има постигнато над 100 гола и имал повеќе од 100 асистенции. Играше и за англискиот клуб Мидлсбро од 1994 до 1996 година и потоа уште една сезона со кам-бек за истата екипа во сезоната 1997-98.

- Оглас -

Најнови вести