Екипата на Илинден имаше одлична есенска полусезона која ја заврши на првото место во општинската лига на Гази Баба. Со осум победи и две нерешени средби, овој тим е на првото место на табелата, потврдувајќи дека сезонава има големи амбиции сезонава.
Токму затоа, во пресрет на продолжување на фудбалските возбудувања во пролетниот дел, од Илинден денеска информираа дека имаат две засилувања во стручниот штаб, а тоа се искусниот Баже Лазаровски и Стево Митровски – Цеко.
„Им посакуваме топло добредојде на Баже Лазаровски, добро познато име во македонскиот фудбал, кој повеќе од 30 години работи во најдобрите клубови и млади репрезентации во Македонија. Посебно се истакнува неговиот 17-годишен ангажман во ФК Работнички. Тренер со ПРО лиценца, со огромно искуство и знаење.
Добредојде и за Стево Митровски – Цеко, кој во последните 5 години работеше во Македонија ЃП, ФК Скопје и ФК Вардар. Тренер со прволигашко искуство и амбициозен стручњак кој е во процес на стекнување ПРО лиценца во земјата на светскиот првак – Аргентина“, истакнаа од ФК Илинден.

