Неколку ѕвезди на Сити ќе треба да сведочат на судењето на силувачот Менди

Судењето на Бенжамен Менди, бекот на Манчестер сити, за наводно силување дури на осум жени ќе почне идниот понеделник, а неколку ѕвезди на англискиот првак ќе треба да сведочат на судењето.

Џек Грилиш, Кајл Вокер, Џон Стоунс, Ријад Марез, како и ексофанзивецот Рахим Стерлинг, ќе бидат повикани да сведочат пред судството во Честер. Се очекува судењето да трае повеќе од три месеци пред да се донесе конечна пресуда.

Менди се гони за осум сексуални напади врз повеќе жени, еден физички напад и еден обид за сексуален напад. Сето се случувало во неговиот дом во период од октомври 2018 до август 2021 година. Од моментот кога шпекулациите се појавија во јавноста, Манчестер сити го суспендира фудбалерот и веќе извесно време е надвор од терените.

- Оглас -

Најнови вести