Некст Тајм ја запеаја „Ја излези Ѓурѓо“, а „вулканот“ на Комити еруптираше (Видео)

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар прослави 75 години постоење, а нивните најверни навивачи веќе 35 години се дел од црвено-црното семејство. Синоќа на арената „Тодор Проески“ имаше повеќе од 10.000 навивачи, а Вардар во ревијален меч славеше над гостинот од БиХ, Железничар со 2:0.

Во славеничката атмосфера, посебно за одбележување е моментот кога музичката група „Некст тајм“ пред Запад ја запеа песната „Ја излези Ѓурѓо“. Комити во транс ја пееја една од омилените песни, а атмосферата беше за уживање.

- Оглас -

Најнови вести