Нема бонуси за фудбалерите, ќе нема и Прва лига за 10-кратниот белгиски првак

Стандард Лиеж се соочува со закана да биде преселен во понизок ранг ако итно не им исплати околу еден милион евра како бонуси на осуммина фудбалери.

Клубот од Лиеж е еден од трите гиганти на белгискиот фудбал, заедно со Андерлехт и Бриж, има 10 шампионски круни, но нема да има милост ако не си ја исполни обврската што е преземена кога биле потпишувани договорите со играчите.

Лиценцната комисија најави дека нема да му даде зелено светло на Стандард да настапува во Европа, а ако не реагираат брзо и не им ги исплатат бонусите на играчите, популарните Редс ќе играат во четвртата лига во следната сезона.

Оваа е веќе завршена, Бриж беше прогласен за шампион, а Стандард со предвремениот крај поради Коронавирусот остана на петтото место, што води во квалификациите за Лигата на Европа.

УЕФА се спротивстави на одлуката на Белгиската федерација да прогласи крај на сезоната и најави дека ако не се промени, клубовите од Жупилер лигата што заслужија настап во еврокуповите според пласманот нема да учествуваат во ЛШ и ЛЕ.

- Оглас -

Најнови вести