Нема да биде кралско лето – Реал Мадрид одлучи да штеди, ќе остане без засилувања

Реал Мадрид нема да биде активен на летниот трансфер пазар и според „Марка“ моѓно е да не купи ниту еден играч како засилување за следната сезона.

Лидерот во шпанското првенство верува во својот квалитет и во играчите што ги има, а вкупно се 38 на број, па се одлучи и да заштеди.

Кризата со Коронавирусот, празните стадиони, отсуство на приход од влезници, намален обем на продажба на сувенири со клупските симболи, но и послабиот маркетинг ќе ги принуди сите клубови да внимаваат со трошењето на пари.

Исклучок според „Марка“ нема да биде ниту најтрофејниот европски клуб, Реал, кој има неколку вишок играчи што сака да ги продаде.

Ашраф Хакими не се враќа во Мадрид од редовите на Борусија Дортмунд и тој е веќе нов член на Интер, а Реал ќе инкасира околу 40 милиони евра. Хави Санчес замина во Валјадолид за сума од 3 милиони евра, а на списокот на фудбалери за продажба се и Себалјос, кој е моментно позајмен на Арсенал, потоа и Џејмс Родригес, Брахим Дијас, Маријано Дијас и најголемата главоболка на Зинедин Зидан, Герет Бејл.

Ако успеат да ги продадат сите играчи што се вишок проценката во Мадрид е дека Реал ќе заштеди околу 200 милиони евра.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести