Нема да има ни Формула 1 викендов – откажана трката во Мелбурн

По многуте фудбалски, кошаркарски, хокеарски и останати спортски одложувања, на ред дојде и Формула 1. Иако се очекуваше викендов и официјално да стартува новата сезона во најбрзиот спорт, тоа нема да се случи.

Трката за Големата награда на Австралија која требаше да се вози на патеката во Мелбурн е откажана! Причината е јасна, а тоа пандемијата која настана по појавувањето на Коронавирусот.

„Формула 1 и ФИА во консултации со организаторите на Австралиското Гранд при одлучија да се откажат сите активности поврзани со трката која требаше да се вози викендов“, стои во дел од соопштението на Ф1.

- Оглас -

Најнови вести