Нема да има пријателски меч: Бомбардирањето ги избрка Јувентус и Атлетико Мадрид

Израелскиот Тел Авив требаше да биде домаќин на пријателски меч меѓу Јувентус и Атлетико Мадрид, но тој нема да се игра. Причина поради која овој дуел е откажан, се нередите кои ги прават Палестинците и Израелците, а посебно ескалираа во последните неколку часа.

Во појасот Газа има бомбардирања и токму поради тоа, дуелот кој требаше да биде генерална проба за двата европски гиганти во пресрет на новата сезона, нема да се игра.

Челницте на Јувентус сметаат дека градот домаќин не може да гарантира безбедност на италијанскиот тим, а со сличен став се и во Мадрид, па тимот на Атлетико воопшто не отпатува за Израел.

 

- Оглас -

Најнови вести