Нема десетка за Удинезе – Торино даруваше и даваше голови и ги победи Зебрите

Торино ја заврши серијата од 9 меча без пораз на Удинезе, со триумф на „Дачија арена“ од 2:1 како гостин, на меч на кој Биковите даваа и даруваа голови.

Ола Аина и Пјетро Пелегри постигнаа први голови сезонава за Торино, а гостите беа главни креатори и за единствениот погодок на Зебрите што го даде Џерард Делофеу.

За Удинезе од 81. минута играше Илија Несторовски, но домаќините не успеаја да избегнат прв пораз во Серија А од август кога ги победи Милан со 4:2 во првото коло на овој шампионат.

Зебрите паднаа на шестото место со 21 бод, а Торино е деветти со 14 бода по 11 кола во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести