Нема фудбал, но играчите на Волфсбург најдоа друга работа

Пандемијата со Коронавирусот присилно го прекина фудбалскиот свет како и останатите спортови, па атлетите се приморани да седат во своите домови. Сепак, неколку првотимци на бундеслигашот Волфсбург решија да не седат со скрстени раце, туку да помогнат на жителите во овој град кој се наоѓа во северниот дел од Германија.

Имено, шестмина играчи на Волците наутро одат на работа во неколку супермаркети и им помагаат на вработените да ги наредат рафтовите со производи, покажувајќи дека тие не се ништо повеќе од граѓаните и секојдневниот живот.

„На еден начин и ова нам ни е тренинг, да се наполнат празните полици за луѓето да може да купат сè што им е потребно. Најважно е да се држиме заедно во вакви тешки моменти, а притоа да покажеме дека сме дел од општеството и секојдневниот живот“, истакна капитенот Гилавоги.

https://twitter.com/VfLWolfsburg_EN/status/1246098262098096128

- Оглас -

Најнови вести