Нема кој да го сопре Харден во НБА, 41 поен за победа на Хјустон против Оклахома

Џејмс Харден доминираше на паркетот во „Тојота центар“ во Хјустон и со 41 поен го предводеше домашниот тим до победа против Оклахома Тандерс.

Хјустон победи со 113:109 во драматична завршница, а Харден беше главен актер со 41 поен, 7 асистенции и шест скокови.

Најдобриот стрелец во НБА-лигата на последните 7 дуели лесно ја минува границата од 30 поени и немилосрдно ги полни противничките кошеви. Ерик Гордон запиша 17 поени, а Клинт Капела 16.

Кај гостите, кои влегоа во последниот период со предност од 88:86, најефикасен беше Пол Џорџ со 28 поени. И Џорџ има белскав период, лесно постигнува над 25 поени на секој меч во декември, но вечерва не успеа да го предводи тимот до победа. Тој имаше и 14 скокови, а веднаш до него е Расел Вестбрук со 21 поен и по 9 скокови и асистенции.

Оклахома и покрај поразот, има подобар биланс од Хјустон со 21 победа и 12 порази за разлика од Ракетите, кои сега се на скор од 18-15.

- Оглас -

Најнови вести