Нема меч, а Златан да не даде гол (Видео)

Шведскиот голгетер Златан Ибрахимовиќ го постигна 29-тиот погодок сезонава во МЛС-шампионатот во САД. Популарниот Ибра погоди, но неговиот Лос Анџелес галакси загуби на свој терен, и тоа од аутсајдерот Ванкувер со 3:4.

Гостите поведоа со 1:0, а потоа Златан израмни во 23-тата минута, но до крајот на полувремето Ванкувер даде и втор погодок. Галакси повторно израмни на 2:2, гостите поведоа со 3:2, а домаќините со погодок во 86-тата минута стигнаа до 3:3. Кога се мислеше дека дуелот ќе заврши без победник, Ванкувер и по четврти пат на мечот поведе, но овојпат со гол во 90+3 минута, па Ибрахимовиќ и другарите немаа време за повторно да израмнат. Ванкувер е убедливо најслабиот тим на Западната конференција, но успеа да победи во ЛА против тимот кој има обезбедено место во плејофот.

Во останатите мечеви кои ноќеска се играа во МЛС: Колорадо – Далас 3:0, Реал Солт Лејк – Хјустон Динамо 2:1, Сан Хозе – Сиетл 0:1, Спортинг Канзас сити – Портланд 2:2.

- Оглас -

Најнови вести