Целата кариера ја мина во Барса, а сега одлучи да започне преговори со тимот на Дејвид Бекам

Серхио Бускетс е на излезни врати од Барселона. Играчот од средината на теренот сезонава речиси и да не добива шанса од Чави, па затоа веројатно и ќе си замнине во јануарскиот преоден рок.

Тој преговара со Интер Мајами, тим од МЛС-лигата, чиј газда е Дејвид Бекам, а останува непознато кога Бускетс ќе летне преку „барата“, дали во јануари или во летниот преоден рок.

Бускетс целата своја сениорска кариера ја мина во Барселона, за која одигра 455 натпревари, постигнувајќи 11 погодоци.

- Оглас -

Најнови вести