Вкупно четири меча засега се одложени, а требаше да се одиграат во рамките од 18-тото коло во француското првенство. Откако беа одложени дуелите Ница – Сент Етјен и Нант – Монпелје, сега стигна потврда дека нема да се играат ниту натпреварите помеѓу Генгам – Рен и Марсеј – Бордо, кои по распоред требаше да бидат в недела. Мечот меѓу Каен и Тулуз е презакажан за во вторник (18-ти декември).
Претходниот викенд дури шест дуели од првенството беа одложени поради неможноста полицијата да обезбеди безбедно одигрување. Тие мечеви ќе се одиграат на 15-ти и 16-ти јануари. Минатиот викенд низ цела Франција имаше масовни протести и немири предизвикани од незадоволните граѓани.
Дополнителен проблем за безбедносната ситуација направи и терористичкиот напад кој пред неколку дена се случи во Стразбур, а во кој загинаа три лица и 12 беа ранети.