Фудбалската федерација на Турција одлучи дека клубовите кои нема да се појават на теренот во договорениот термин, а причина за тоа ќе биде корона-вирусот, службено да го загубат мечот.
Одлуката е дека сите клубови бројот на фудбалери во своите состави во највисокиот ранг треба да го прошират до 35-мина играчи и затоа да нема изговор дека некој нема да може да настапи поради поголем број заразени фудбалери со опасниот вирус.
„Овие мерки ќе стапат во сила во вториот дел од сезоната. Клубовите на теренот ќе може да излезат и со деветмина играчи“, се вели во соопштението од Федерацијата.