Нема победници во Џенова и во Удине

Џенова ремизираше на домашен терен против Сасуоло при конечни 1-1. Избраниците на Чезаре Прандели го забележаа шестиот нерешен резултат сезонава во Серија А, додека македонскиот капитен Горан Пандев ги одигра последните неколку минути од средбата.

Домаќините се најдоа во негатива по половина час игра откако Џуричиќ погоди за 1-0 во корист на Сасуоло. Сепак, во 41-та минута новото засилување Антонио Санабрија го постигна својот втор гол откако дебитираше во дресот на Џенова.

Со 24 бода значи дека Џенова ќе остане на 13-тата позиција на табелта по ова коло, Сасуоло е на две места погоре со 30 бода по 22 натпревари.

Удинезе и Фиорентина ремизираа со идентичен резултат, 1-1. За разлика од средбата на „Луиџи Ферарис“, на овој меч погодоците паднаа во второто полувреме. Ларсен во 56-тата донесе предност за домаќините, а Фернандес само девет минути подоцна го постави конечниот резултат.

Со 10-тото реми сезонава Фиорентина има 31 бод и е на деветтата позиција, додека Удинезе со 19 бода се наоѓа на 16-тото место на табелата.

Претходно Спал и Торино исто така ремизираа, но без голови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести