Арон Херисон е јунакот на Олимпијакос, а низата од неверојатни мечеви во Евролигата денеска продолѓи и во Пиреа. Со тројката на Американецот во последната секунда грчкиот првак го победи Макаби Тел Авив со 85:82.
Херисон шутираше во последен момент од тешка позиција, но успеа да погоди за луда радост на домашниот тим.
https://twitter.com/EuroLeague/status/1317192194822967296?s=20
Мечот имаше неколку пресврти, а среќата беше на страната на Олимпијакос, кој успеа да стаса до третата победа во четвртото коло во Евролигата.
https://twitter.com/Esmaixadacat/status/1317192698659545089?s=20
Херисон постигна 12 поени, а со три повеќе најефикасен кај домаќините беше Мартин. Кај Макаби и на мечот најефикасен беше Скоти Вилбекин со 18 поени.
Претходно двата германски клубови, Алба и Баерн приредија првокласни сензации со победи во Москва против ЦСКА, односно со триумф во Истанбул против Фенербахче.
Најпрво падна 8-кратниот европски првак ЦСКА, за првпат по 20 години во дуелите со Алба, а потоа невиден пресврт приреди Баерн кај Фенербахче.