Чудо невидено во Истанбул – Баерн губеше со 20 разлика и успеа да го згасне Фенер (Видео)

Кошаркарите на Баерн Минхен приредија чудо над чудата во Истанбул и со невиден пресврт по негатива од 20 поени го победија поранешниот европски првак Фенербахче.

Денот во Евролигата почна со сензационална победа на Алба во Москва против ЦСКА, а продолжи со уште поголемо чудо и триумф на екипа што беше пред катастроафелн пораз.

Фенербахче имаше се во свои раце, предност од 45:25 по првото полувреме и фаворитска улога за победа против Баерн, но на чудесен начин загубија со 71:75.

Владимир Лучиќ со 18 поени и Џејлен Рејнолдс со 17 поени доминираа во второто полувреме и го повлекоа и остатокот од тимот во храбра битка за победа, што и се случи во Истанбул.

За Баерн ова е историска прва победа против Фенербахче, тим што необјасниво падна во продолжението од мечот.

Јан Весели со 25 поени беше прв стрелец на мечот, Нандо Де Коло постигна 18 поени, но Фенер загуби.

- Оглас -

Најнови вести