Нема покер победа за првакот против Аталанта, ПСЖ почна и со седмици во Франција (Видео)

Милан не успеа да ја забележи четвртата победа по ред во дуелите со Аталанта и вечерва ремизираше 1:1 на гостувањето во Бергамо.

За разлика од италијанскиот првак, никакви проблеми во дербито со Лил немаше шампионот на Франција, Пари Сен Жермен и во нова голеада победи со 7:1 на гостински терен.

Милан се спасуваше од пораз, откако Руслан Малиновски со убав гол и мала помош од стоперот на гостите Калулу во 29. минута и донесе предност на Аталанта.

Милан израмни со уште еден убав гол на мечот, а го постигна Исмаел Бенасер во 68. минута.

https://twitter.com/MilanEye/status/1561446254164561923?s=20&t=dEnfkTAA-8YtLPiC_0AfUQ

ПСЖ на ефектен начин го декласира Лил со 7:1 и по првите три кола во Франција има постигнато неверојатни 17 погодоци.

Килијан Мбапе постигна хет-трик и најбрз гол во Франција, првиот на мечот за само 8 секунди и со помош на прекрасната асистенција на Лионел Меси.

Два гола даде Нејмар, а Бразилецот имаше и три асистенции.

Лионел Меси постигна гол со две асистенции и го престигна Ромарио на вечната листа со 773 погодоци. 

По еден гол за ПСЖ и Лил постигнаа Хакими и Бамба.

 

- Оглас -

Најнови вести