Нема полошо: Најсилните ем добија ќотек, ем останаа без титула (Видео)

Неверојатна беше завршницата во шампионатот на Боливија. Последното, 26. коло се играше на 31 декември, а дури три екипи беа во трка за титулата. Олвејс реди (Секогаш подготвени) беше тимот кој како лидер влезе во последното коло со 48 бодови, а веднаш зад него беа Стронгест (Најсилните) со 47 бодови и тимот на Боливар со 46 бодови. Секогаш подготвените беа во пол позиција и на крајот тоа им се исплатеше и со победа во последното коло, се радуваа на шампионска титула.

Најсилните, односно тимот Стронгест е најголемиот губитник во последното коло, иако славеше на гостувањето кај Блуминг со 3:1. Овој дуел ќе остане запамтен по хаосот што се случи во последните минути од мечот. Блуминг поведе со 1:0, но гостите направија пресврт и во финишот влегоа со предност од 2:1.

Во еден момент од трибините беше фрлена петарда која експлодира во близина на еден гостински играч. Фудбалерот на Стронгест падна на земја и се пожали на болки во увото од силината на експлозијата. Домашните играчи веруваа дека противникот симулира и побараа тој да стане и играта да продолжи.

Тогаш започна и хаосот. Играчите на двата тима почнаа да се буткаа, да се тепаат, а страстите наместо да се смират, се вклучија и навивачите на домашниот тим. На крајот, Стронгест победи со 3:1, но тоа беше залудно затоа што првенството го завршија на второто место, а дополнително добија ќотек на последното гостување.

 

- Оглас -

Најнови вести