Нема послатко за Баерн од пехар освоен на легендарниот „Вестфален“ (Видео)

Баерн Минхен стана непобедлив за Борусија Дортмунд на култниот „Вестфален“, или како што сега се нарекува „Сигнал Идуна парк“, и по четврти пат успева да ги победи Милионерите во меч за пехарот во германскиот Суперкуп.

Вечерва Баерн славеше со 3:1 со двата гола на Роберт Левандовски и еден на Томас Милер. Почесниот погодок за Борусија го постигна Марко Ројс, а беше вистинско ремек-дело.

Претходно Левандовски со удар со глава му донесе предност на Баерн, а на негова асистенција Милер зголеми на 2:0. Ројс намали на 2:1, но Левандовски повторно беше прецизен за деветтиот рекорден пехар за Баерн во Суперкупот на Германија.

- Оглас -

Најнови вести