Нема потенцијален репрезентативец кој не сака да игра на ЕП, гинат за да се докажат кај селекторот

Тренинг-кампот на македонската А репрезентација ги оправдува очекувањата. Сите фудбалерите од поширокиот список кои тренираат под будното око на селекторот Игор Ангеловски го потврдуваат квалитетот и потенцијалот за евентуално место во најдобрата селекција. Некои од нив ќе бидат повикани на мартовските квалификации, како последен тест пред настапот на Европското првенство во јуни.

Селекторот Ангеловски повика 20-мина играчи, претежно од домашните клбови, но има и интернационалци кои играат во странство, како Филип Најдовски, Агон Елези, Марко Ѓорѓиевски и Џемал Ибиши. Сите овие играчи се потенцијални репрезентативци, некои веќе имаат настапи за А селекцијата некои чекаат деби.

„Нашата намера е евентуално да го дополниме главниот репрезентативен список со имиња на фудбалери кои ќе остават силен впечаток на тренинг-кампот и на контролниот натпревар против Работнички. Се надевам дека овој тренинг-камп ќе биде од корист за сите“, најави Ангеловски.

Утре на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ оваа селекција ќе одигра контрола против Работнички.

- Оглас -

Најнови вести