Депортиво Переира за првпат стана шампион на Колумбија, откако во двомеч во финалето славеше по подобро изведување на пенали против шесткратниот првак Индепендиенте Меделин.
Првиот меч во Меделин заврши без победник 1:1, а и ноќеска имаше реми, но без голови, па на преполниот стадион „Ернан Рамирес Влјагас“ во Переира одлучуваа пеналите.
Кога Леидер Берио го погоди клучниот удар во петтата пенал серија, стадионот експлодираше од радост, а на преполните трибини, но и на терен и во градот се славеше првата и историска титула на Депортиво Переира.
Deciding penalty in the 2nd leg of the Colombian League final between Deportivo Pereira and Independiente Medellin that ensured Deportivo’s first ever Colombian League title from soccer