Нема право да ја носи омилената 66-ка, Трент одбра кој број ќе го носи во Реал Мадрид

Новиот фудбалер на Реал Мадрид, англискиот десен бек Трент Александар-Арнолд, денеска пристигна во Мадрид, а утре во 12.30 часот официјално ќе биде претставен.

Разрешена е и мистеријата околу бројот на неговиот дрес. Според правилата во шпанската Ла Лига, играчите од првиот тим смеат да носат броеви само од 1 до 25, броевите од 26 до 50 се за играчите од резервниот тим, па Трент, кој цела професионална кариера во Ливерпул на грбот носеше број 66, мораше да одбере друг број.

Изборот не му беше богат бидејќи во Реал само три бројки (12, 18 и 25) беа слободни, па се реши за бројот 12, што е 6+6, па на некој начин е поврзано со неговата омилена 66-ка. Бројот 12 е слободен во Реал уште од заминувањето на бекот Марсело.

Исто така, новина ќе биде и што во Реал на грбот ќе стои името, а не презимето на играчот како што беше случај досега. Официјалната веб-страница на продавницата на Реал Мадрид наметнува уште едно ограничување: да има максимум 11 знаци на дресот, а Александер-Арнолд има 17 и затоа ќе стои кратко Трент.

 

- Оглас -

Најнови вести