Нема простор за паника во Атлетико, Феликс не размислува за трансфер

Жоао Феликс се најде во центарот на вниманието по истакнатиот интерес за неговите услуги од страна на Манчестер сити.

Англискиот првак има намера да инвестира повеќе од 100 милиони евра за португалската ѕвезда, меѓутоа Феликс ги смири шпекулациите откривајќи ги неговите планови за следната сезона.

„Разделба со Атлетико не е опција. Потполно сум фокусиран на овој тим. Свесен сум што можам да направам со мојот потенцијал, но јас си ја знам иднината“, е изјавата на Феликс која ја пренесоа шпанските медиуми.

Со ова отпаѓа сценариото Гвардиола да го спои Халанд со еден од најатрактивните млади фудбалери во Европа.

- Оглас -

Најнови вести