Нема шега со разиграниот Партизан, го декласира и Жалгирис во литванскиот пекол (Видео)

Партизан забележа многу важна победа во Каунас против Жалгирис со 88:74 во дуел на два поранешни европски прваци, сега во битка за позициите што водат во плејофот во Евролигата.

Црно-белите имаа контрола во текот на целиот меч, а на полувремето водеа со 47:30.

Во пеколната атмосфера во „Жалгирио“ арена се разбудија и домаќините и во третиот период направија 10 поени разлика, 24:14 и најавија неизвесен финиш.

Сепак Партизан одговори со серија од 5:0 на почетокот на последниот период, а потоа брзо ја врати позитивата од 17 поени од полувремето и успеа рутински до крајот на мечот да ја одржува предноста.

Јоанис Папапетру со 17 поени беше најефикасен кај Партизан и на мечот. Лесор постигна 14 поени, колку и Пантер за гостите.

Кај Жалгирис Браздејкис беше најзабележителен со 17 поени, а сега двете екипи имаат по 12 победи и 11 порази.

Фенербахче убедливо ја победи Алба со 101:86. Драма имаше на мечот меѓу Монако и Реал Мадрид, а славеа гостите со 95:91.

 

- Оглас -

Најнови вести