Нема веќе ротација на капитените, лидер на Бразилците ќе биде Нејмар

Асот на Пари Сен Жермен, Нејмар, ќе биде постојан капитен на селекцијата на Бразил откако селекторот Тите одлучи да ја прекине праксата на ротација на капитените кај „кариоките“.

На Мундијалот во Русија како капитени се менуваа Марсело, Миранда и Тијаго Силва, а сега довербата ја доби Нејмар. И тоа за подолг период, според одлуката на Тите.

„Ја прифатив одговорноста да бидам капитен на  Бразил. Тоа е и огромна чест за мене и можност да научам многу работи и да напредувам. Пред да ја понесам капитенската лента, сакам јавно да им се извинам на навивачите за поразот и слабатa игра против Белгија на Светското првенство во Русија. Верувавме дека можеме да ја освоиме титулата, но тоа испадна дека е невозможна мисија“, изјави Нејмар.

Тој ќе дебитира како капитен на најтрофејната светска селекиција по полноќ, на мечот со САД, кој е од пријателски карактер.

- Оглас -

Најнови вести