Еден од „најпрљавите“ спортови е ватерполото. Тоа е спорт во кој честопати има нечесни удари и потези кои судиите не може да ги забележат и да ги санкционираат бидејќи се во вода. Челниците на светското ватерполо решија да им стават крај на таквите работи. Во ватерполото ќе се воведува системот ВАР како што е воведен во фудбалот, но тука ќе се вика ВМС, односно Видеомониторинг систем.
„Новиот систем веќе го користевме на неколку турнири и се покажа како голем чекор напред. Засега уште е во фаза на тестирање. Судиите засега само по мечот можеа да видат што се случувало под вода, а сега ќе имаат увид на случувањата за време на мечот. На Светското првенство во Јужна Кореја следната година би требало ВМС да има целосна примена“, објаснува Младен Рак, кој е поранешен ватерполист, а веќе 14 години и судија во овој спорт.