Немаа кому да го продадат, вечерва даде мајсторски гол и ги донесе на врвот во Лигата на Европа

Лијаи Белив Атиемвен е неочекуваниот јунак на Динамо Загреб и од отпишан фудбалер кај Модрите, стана херој во победата против Волфсбергер, што го исфрли тимот на врвот на табелата во К групата во Лигата на Европа.

Нигериецот беше пред заминување од „Максимир“ летоска и беше вишок кај тренерот Зоран Мамиќ, но немаше заинтересиран клуб за него, па остана и вечерва го даде победничкиот гол за Динамо.

Влезе во игра во 74-тата минута против Волфсбергер и само 120 секунди подоцна ја искористи шансата и ја затресе мрежата на Австријците.

Атиемвен беше и на позајмица во Локомотива во дел од ланското првенство, но потоа беше вратен во составот на Динамо и во првиот меч сезонава постигна многу вреден гол.

- Оглас -

Најнови вести