Ненадејно почина некогашниот голман на Барселона

Некогашниот шпански голман, Франциск Арнау ненадејно почина на само 46 години. Арнау беше голман на Барселона во периодот од 1995 до 2001 година, а ги бранеше боите на првиот и вториот тим.

Освен во Барселона, Арнау дури 10 години беше во тимот на Малага, а дури 15 пати го носеше репрезентативниот дрес на Шпанија за младата селекција. Во 1998 година беше прогласен за најдобар играч на турнирот на Европското првенство.

Последната функција на Арнау беше директор во второлигашот Овиедо.

 

- Оглас -

Најнови вести