Нено „бананамен“: првото гостување против екс клубот, Димитријевиќ го почна со атракција (Видео)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, вечерва за првпат во дресот на Валенсија гостува кај Хувентуд во Бадалона, клубот во кој играше во претходните неколку сезони и клуб во кој го имаше својот голем напредок во играта и кариерата.

Нено беше стартер во тимот на Валенсија, беше мотивиран против „своите“, и тоа го покажа уште во првата акција на средбата. Димитријевиќ одигра одлична одбрана и му „залепи банана“ на поранешниот соиграч Пау Рибас.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1502692687413235718

- Оглас -

Најнови вести