21.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Нено во Белград со најпознатиот агент, објавата ги запали Гробарите (Фото)

Не е тајна дека Ненад Димитријевиќ сака еден ден да заигра за белградски Партизан, клубот за којшто навива од дете, а и фановите на Црно-белите сакаат да го видат Македонецот во нивниот дрес.

Популарниот Нено летово од Армани Милано се пресели во рускиот Зенит и треба да игра таму, но познатиот агент Мишко Ражнатовиќ, кој своевремено го однесе Перо Антиќ во НБА, се сретна со Нено во Белград и остави порака која ја заскокотка имагинацијата на навивачите на Партизан.

„Нено Димитријевиќ во Белград. Сепак“.

Фановите на Партизан би сакале ова да значи дека Димитријевиќ сепак ќе заврши во нивниот тим, особено што Френк Нтиликина замина во Олимпијакос и потребен е нов плејмејкер.

Но, Нено на средбата со неговиот менаџер носи маица со клупските обележја на Зенит, а во Белград е затоа што таму ќе се игра Суперкупот на ВТБ-лигата. Вечерва Зенит игра полуфинале со новиот евролигаш Дубаи.

- Оглас -

Најнови вести