Фудбалерите на Реал Мадрид го одработија последниот тренинг пред утрешниот меч против Валенсија во Ла Лига, а на тренинг имаа и неочекуван гостин. Поранешниот „крал“, Рафаел Варан, е во посета на Мадрид, па одлучи да ги посети и неговите поранешни соиграчи.
Тој се појави во комплексот на Реал Мадрид и се фотографираше со фудбалерите, а утре ќе присуствува и на мечот на „Сантијаго Бернабе“.
Варан 10 години беше дел од „кралскиот“ клуб и освои се што можеше да се освои во светот на фудбалот, а потоа три сезони играше и во Манчестер јунајтед. Кариерата ја заврши на само 31-годишна возраст како фудбалер на Комо и тоа само два месеци откако потпиша за клубот од Серија А.


