Неочекувана одлука пред мечевите од Лигата на шампиони, Германците се збунети!

Наполи сезонава игра одлично и не случајно е лидер во Серија А. Освен во домашното првенство, Наполиигра одлично и во Лигата на шампиони, каде е на добар пат да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

По првиот меч против Ајнтрахт во Франкфурт, италијанскиот тим има предност од 2:0, па на реваншот кој ќе се игра во Неапол, треба само рутински да ја соцува оваа вредна залиха стекната од првите 90 минути.

На дуелот во Ајнтрахт имаше инциденти меѓу германските и италијанските навивачи, па за реваншот се преземени сите мерки тоа да не се повтори. Навивачите на Ајнтрахт нема да може да купат билети за дуелот во Неапол, а тоа значи дека нема да има германски фанови на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

„УЕФА соопшти дека италијанското Министерство за внатрешни работи забрани да се продаваат билети на навивачите на Ајнтрахт Франкфурт“, стои во соопштението.

Договорот беше гостите да имаат 2.700 билети за да може во живо да ги бодрат своите миленици. „Нема да добиеме влезници затоа што на Наполи му е забрането да ни ги продаде. Ова е единствена и прва ваква ситуација во европскиот фудбал. Ова ќе го наречеме тажен ден за фудбалот“, вели портпаролот на Ајнтрахт, Филип Решке.

Дуелот Наполи – Ајнтрахт ќе се игра на 15 март од 21 часот во италијанскиот град.

- Оглас -

Најнови вести