Неправдата ќе биде исправена: Левандовски може да ја добие Златната топка од поранешен освојувач

Останува впечатокот дека Роберт Левандовски ја заслужи Златната топка на вчерашната церемонија во Париз.

Но, постои голема веројатност Пољакот да ја освои оваа најпрестижна индивидуална награда, и тоа од поранешниот освојувач, Луис Суарес.

Тој на почетокот на овој месец изјави: Ако не му ја дадат Златната топка на Роберт Левандовски, тогаш јас лично ќе му ја дадам мојата.

Некогашниот напаѓач на Барселона и Интер оваа награда ја освои во 1960 година и со тоа стана првиот шпански играч којшто успеал да дојде до ова признание.

Останува да се види дали ќе го исполни ветеното.

- Оглас -

Најнови вести