Легенда на Барса и Интер: Златната топка за Левандовски, или јас ќе му ја дадам мојата!

Поранешниот шпански репрезентативец и ексселектор на Црвената фурија, легендарниот напаѓач на Барселона и Интер, Луис Суарес Мирамонтес, смета дека Златната топка на „Франс фудбал“ годинава мора да ја добие Роберт Левандовски од Баерн.

Полјакот лани сигурно ќе го освоеше ценетото признание, но челниците на магазинот „Франс фудбал“ решија да не доделуваат награда поради пандемијата и со тоа му беше направена неправда на голгетерот, кој беше најдобар на светот „само“ во изборот на ФИФА.

Суарес, кој ја доби „Златната топка“ во далечната 1960 година и засега е единствен роден Шпанец кој го добил ова признание, рече дека ќе му ја даде својата „Златна топка“ на Левандовски доколку Полјакот не ја добие ниту годинава.

Според некои неофицијални извори, Левандовски сепак добил најмногу гласови пред Меси и Бензема, а во топ 5 се и Салах и Жоржињо. Официјаното прогласување на најдобриот на светот за 2021 година во изборот на „Франс фудбал“ ќе се случи на церемонија на 29 ноември.

- Оглас -

Најнови вести