Непријатни вести за Барселона: Дефанзивецот ќе го пропушти финалето против Реал Мадрид

Повредата на Алехандро Балде, која ја заработи на првенствениот меч против Леганес, се чини дека е посериозна отколку што се очекуваше. Каталонците информираа дека дефанзивецот е повреден, но без да наведат колкав период ќе отсуствува.

Сепак, „Мундо депортиво“ пренесува дека Балде ќе биде отсутен од терените околу три седмици, односно 20-тина дена, и нема да биде дел од составот на Барселона за финалето од шпанскиот Куп против Реал Мадрид.

Повредата на бутниот мускул се покажа како незгодна, па медицинскиот тим на Каталонците прави напори да го оспособи за полуфиналето од Лигата на шампионите, кое е закажано за шести и седми мај, како и за дуелот против Реал Мадрид од Ла Лига, меч кој најверојатно ќе одлучува кој ќе го освои трофејот од првенството.

- Оглас -

Најнови вести