(Видео) Непристоен гест на големиот талент на Рома – Што им покажа Ѕаниоло на навивачите на Лацио?

Николо Ѕаниоло реагираше непристојно кон навивачите на Лацио по поразот на Рома од 3:2 во вечното дерби на Рим. Камерите го фатија со реакција што е непримерна за еден од најголемите таленти во Италија.

https://twitter.com/SexyFootbalI/status/1442410257708244995?s=20

Ѕаниоло има 22 години и е репрезентативец на Италија и еден од најталентираните играчи на Чизмата. Имаше многу проблеми со повредите и лани паузираше околу шест месеци, но успеа да се врати, па потоа повторно се повреди и повторно во прашање беа лигаментите на коленото.

На првиот меч во новата сезона во Серија А, Ѕаниоло беше исклучен во меч што Рома го доби со 3:1 против Фиорентина, а сега поради непристојниот гест кон навивачите на Лацио, веројатно го чека нова казна.

 

 

- Оглас -

Најнови вести