Нераѕурите решија дека не им е потребен: Секој гол на Лукаку Интер го чини 3,4 милиони евра!

Ромелу Лукаку ќе си замине од Интер на крајот од сезоната, откако челниците на италијанскиот клуб решиле дека белгискиот голгетер нема да им биде потребен. Лукаку дојде во Интер на почетокот на сезоната како позајмен играч од Челзи, но сега е сигурно дека нема да му го продолжат престојот за следната сезона и ќе го вратат во англискиот тим.

Причина за оваа одлука на Интер е слабиот голгетерски учинок на Лукаку. белгискиот напаѓач постигна само три гола во 18 меча во Серија А, од кои два беа дадени од пенал. Првиот и единствен гол од игра во првенството, Лукаку го постигна во првото коло против Лече, во август минатата година.

Вкупно, Лукаку сезонава одигра 24 средби за Интер и постигна седум голови. Ако се знае дека Нераѕурите за Лукаку сезонава вкупно ќе платат 24 милиони евра, тоа значи дека еден гол на Белгиецот во просек Интер го чини 3,4 милиони евра, што секако е премногу.

- Оглас -

Најнови вести