5.8 C
Skopje
понеделник, 2 март 2026

Нереални сцени од Тунис, фудбалерите на двата тима во ист момент паднаа како покосени на теренот (Видео)

Фудбалската федерација на Тунис пред неколку дена ја шокираше јавноста кога соопшти дека мечевите од 22. коло во најсилното по ранг натпреварување во таа земја треба да се играат во пладневни термини. Оваа одлука со многу негодување ја примија играчите затоа што пред две недели започна светиот месец за муслиманите во целиот свет – месец рамазан.

Дуелите кои на 1 март се играа во првенството на Тунис, се играа во 13 часот кога температурата е највисока и надвор е најжешко, а фудбалерите немаат можност да се освежат.

За тоа колку тешко и едвај го доиграа натпреварот покажаа и сцените по завршување на еден од дуелите, кога фудбалерите на двата тима буквално паѓаа на земја, веднаш откако судијата отсвири крај на средбата.

Сцените од Тунис кој го обиколија светот може да ги видите ТУКА.

 

 

- Оглас -

Најнови вести