Шпанија и Германија ќе играат во полуфиналето на олимпискиот турнир во ракомет во машка конкуренција, откако двете четвртфинални пресметки завршија со „икс“, па се играа продолженија во кои имаше невидена драма. Во првиот дуел Шпанија славеше против Египет со конечни 29-28, а уште подраматично беше на мечот меѓу Франција и Германија.
Триколорите имаа и пет гола предност во регуларниот тек, но Германија се врати на неверојатен начин, постигнувајќи два гола за 13 секунди, и се избори за реми (29-29) и за продолженија.
Francja 🇫🇷 prowadzi jedną bramką.
— Michał Banasiak (@BanasiakMich) August 7, 2024
Do końca meczu zostaje 6 sekund.
Francuzi mają piłkę.
Francja traci piłkę.
Niemcy 🇩🇪 wyrównują równo z syreną.
Niemcy będą mieli swoją "Wentę". Trwa dogrywka.pic.twitter.com/EiyfE0KQla
И во дополнителните 2 х 5 минути беше драматично, а на крајот се радуваа Германците, победувајќи со 35-34, и тоа со трилер разврска во последните секунди.
Германецот Ренарс Ушчинс беше стрелец на неверојатни 14 голови, а Дика Мем постигна десет кај Французите.
#Handball How do you say KARMA in German?! RENARS USCINS!!!!!! pic.twitter.com/ySni80ETVU
— Nedzad Smajlagic (@NedzadCipe) August 7, 2024