Изминатиот викенд во Белгија три натпревари беа прекинати во исто време, односно во 18:51 часот, и тоа поради иста причина. Голманите на натпреварите Гент – Шарлоа, Лувен – Мехелен и Вестерло – Генк се повредија во исто време, односно симулираа повреди во 20-тата минута.
Причината беше да им овозможат на своите соиграчи од муслиманска вероисповед кои постат да можат да внесат храна и вода на зајдисонце, пред да го продолжат натпреварот.
Изненадувачки, Фудбалскиот сојуз на Белгија не им дозволи на фудбалерите да прават пауза додека се играат натпреварите за време на рамазанските пости. Вакви правила беа донесени во Англија и Холандија, каде што им се излезе во пресрет на фудбалерите кои постат.